Ново бразилско чудо доаѓа меѓу Граѓаните: Кејки потпиша за Манчестер Сити!

Манчестер Сити денес потврди дека е постигнат договор со Флуминенсе во врска со трансферот на 17-годишното крило Кејки.
Граѓаните најавија дека трансферот е договорен и еден од најголемите таленти на бразилскиот фудбал ќе биде со Сити во следните пет години.
„Среќни сме што потврдивме дека постигнавме договор со Флуминенсе за трансфер на Кејки“, се вели во соопштението на англискиот тим.
We are delighted to confirm we have reached an agreement with Fluminese regarding the future transfer of Kayky. The teenage forward will remain with Fluminese until the end of the Brazilian season.
🔷 #ManCity | https://t.co/axa0klD5re
— Manchester City (@ManCity) April 23, 2021
Кејки нема да патува веднаш на Островот. Сити одлучи да го остави на позајмица во Флуминенсе до крајот на сезоната и ќе го собере потребното искуство во бразилската Серија А.
Младиот офанзивен играч е новата голема надеж на бразилскиот фудбал. Многумина го сметаат за нов Нејмар, а професионален фудбал игра само два месеци.
Сепак, тој веќе успеа да привлече големо внимание. Тој постигна два гола на осум настапи, а еден од нив ги воодушеви сите затоа што ја фрли одбраната на противникот во шеснаесетникот.
"OS MLK É LISO" 🔥😎
Kayky levou muito a sério a história do "vai, faz a fila e vem um de cada vez"! Tá maluco! Golaço! pic.twitter.com/NW2GWLZ6wm
— TNT Sports BR (@TNTSportsBR) April 11, 2021
Првиот настап го имаше на почетокот на март оваа година. Тој влезе во игра во првото полувреме за да го замени Мигел Силвеира во поразот на Флуменсен од Ресенде од 1-2. Талентираниот крилен напаѓач брзо се навикна на остатокот од тимот. Еден месец по неговото деби, го пристигна неговиот прв гол за сениори, а тој го постигна на 6 април во триумфот од 4-0 против Макае
Дефинитивно треба да се истакне дека овој млад фудбалер е левак и игра на позицијата десно крило. Тој ги слави головите симболизирајќи мустаќи со рацете, а овој вид прослава е во чест на неговиот татко.
Бразилските медиуми тврдат дека Сити издвоил 10 милиони евра за неговиот трансфер со бројни бонуси и 20 проценти од следниот трансфер.



