SportM
Фудбал

Новото правило на УЕФА нема да им се допадне на фудбалерите и тренерите, но на судиите да

Д М3 сеп 2022
Новото правило на УЕФА нема да им се допадне на фудбалерите и тренерите, но на судиите да

Ќе видиме интересна промена од следната сезона во Лигата на шампионите, а ќе бидат засегнати и играчите, но и тренерите.

 

Имено, Роберто Росети побара од судиите да применат правило од оваа сезона кое треба многу да им помогне.

 

Станува збор за тоа дека отсега играчите и тренерите ќе бидат казнети со жолт картон доколку бараат противникот да добие жолт картон.

Се разбира, тоа досега не беше случај. Играчите се жалеа на некои стартови, тренерите бараа картони за противниците, а конечната одлука ја носеа судиите.

 

Фудбалерите добиваа жолти картони за шутирање, симулирање, како и за некои други гестови, но не беа казнети затоа што бараат казна за противникот.

 

Така отсега ќе биде правило, се со цел да се симне притисокот од судиите кои во тој момент се во многу тешка позиција.

„Кога играч ќе повика друг играч да добие жолт картон, тоа едноставно не е фер кон фудбалот“, рече Росети.

 

Главната цел е да се подобри имиџот на фудбалот и она што тој навистина го претставува, а останува да се види дали судиите целосно ќе го применат ова правило.

 

Покрај ова правило, УЕФА ќе претстави нов систем за офсајд технологија со специјални камери кои ќе следат 29 делови од телото на фудбалерот и сензори во топката.

 

Како ќе изгледа сето тоа ќе видиме во вторник кога ќе почнат натпреварите од Лигата на шампионите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.