Connect with us

Фудбал

Нож во грб за Јувентус: Дибала ја прифати понудата и ќе потпише на четири сезони!

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала речиси сигурно ќе го напушти Јувентус на крајот од оваа сезона.

Дибала не успеа да се договори за продолжување на договорот со Старата дама и реши да го напушти Јувентус како слободен играч на крајот од оваа сезона.

Челниците на Јувентус во неколку наврати му понудија на Дибала нов договор и неодамна беа многу блиску до договор, но на крајот Дибала ги изненади сите бидејќи се предомисли и изјави дека ја напушта Старата дама.

 

Аргентинецот пристигна во Јувентус пред седум години од Палермо за 41 милион евра, но многумина сметаат дека тој не ги оправда очекувањата во овој клуб и дека Јуве нема многу да загуби со неговото заминување.

Дибала се поврзуваше со заминување во Шпанија и Англија откако за него интерес покажаа Барселона, Арсенал и Манчестер Јунајтед, но сега на сите им изгледа јасно дека тој останува во Италија.

 

Медиумите на Апенините синоќа објавија дека Дибала одлучил кариерата да ја продолжи во дресот на Интер и дека на крајот од сезоната и официјално ќе биде потврдено дека е нов играч на клубот од Меаца.

 

La Gazzetta dello Sport објави дека Дибала ја прифатил понудата според која ќе заработува шест милиони евра годишно, а ќе потпише соработка на четири сезони. Иако Јуве му понуди повеќе пари, тој на крајот го избра Интер по разговорите со Бепе Марота.

 

Интер ова лето ќе направи неколку промени во тимот бидејќи се очекува клубот да го напуштат Алексис Санчез, Артуро Видал, Матиас Вечино и Роберто Гаљардини. Така, Симоне Инзаги во новата сезона во нападот ќе ги има на располагање Лаутар Мартинез, Един Џеко, Хоакин Коре и  Дибала.

 

 

 

 

Facebook