SportM
Фудбал

Нож во грбот на Перез: Серхио Рамос го „минира“ Реал Мадрид

Д М2 јун 2021
Нож во грбот на Перез: Серхио Рамос го „минира“ Реал Мадрид

Серхио Рамос најверојатно ќе ги напушти редовите на Реал Мадрид.

Искусниот 35-годишен дефанзивец остана без договор на крајот на овој месец и очигледно го напушта клубот по деценија и пол.

Рамос не сакаше да се согласи на условите од новиот договор што му ги претстави претседателот на клубот Флорентино Перез.

Првиот човек на кралскиот клуб му понуди на капитенот на клубот многу помала сума отколку што во моментов има (18 милиони евра), но тој не се согласи.

Така, Рамос ќе го напушти клубот, но, според „Ел Транзистор“, тој решил да го прободе Перез во грбот. Тој, наводно, ги повикува играчите и ги советува да не се согласуваат на намалување на платите и оваа сезона.

„Неименуван играч му соопшти на клубот дека Серхио Рамос ги повикува играчите и ги советува да не прифаќаат намалување на платата, бидејќи единствената причина што се откажуваат од парите е понудата што се подготвува за Килијан Мбапе“, наведува Ел Транзистор.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.