Connect with us

Фудбал

Њукасл има нов план: Главните цели се во Серија А

Њукасл неодамна назначи нов тренер, Еди Хау.

Јавноста со нетрпение ги очекува првите потези на арапските сопственици кога се во прашање трансферите на играчи.

Многу имиња се поврзуваат со Њукасл во последните два месеци, а „Страчките“ би можеле да станат посилни за дуото на Јувентус во зима.

Имено, на радарот на тимот од Ст. Џејмс Парк се Вестон Мекени и Арон Ремзи, објавени од островските медиуми.

Ремзи и претходно се споменуваше како можно засилување на Њукасл, поточно Велшанецот е голема желба на Еди Хау, а сега во пакет би можел да дојде и Мекени.

Мекени има договор со Јувентус до 2025 година, Ремзи до 2023 година.

Според медиумите, страчки би и понудиле на Старата дама околу 70 милиони евра за дуото од Торино, но проблем може да биде и интересот на Астон Вила за Ремзи, бидејќи во неговиот тим сака да го види и Стивен Џерард, новиот менаџер на тимот од Бирмингем

Реклама

Facebook

Реклама