SportM
Фудбал

Обамејанг им нанесе нова главоболка на челниците на Арсенал

Д М27 јан 2022
Обамејанг им нанесе нова главоболка на челниците на Арсенал

Габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг им задава нова главоболка на челниците на Арсенал.

Имено, поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд по неколку инциденти е суспендиран од тимот, а остатокот од сезоната најверојатно ќе го помине на трибините.

Тој има договор со Арсенал до летото 2023 година и Арсенал имаше намера да го продаде оваа зима, но се чини дека ништо од тоа нема да се случи.

Репрезентативецот на Габон се поврзуваше со заминување во Италија и Саудиска Арабија, според The ​​Times, никому не му паѓа на памет да му плаќа 300.000 фунти неделно на овој напаѓач, колку што има плата на Емирати.

Арсенал секако е подготвен да ги слушне сите понуди за него, но јасно е дека новиот клуб ќе мора да ги намали апетитите и да прифати значително помала плата.

Обамејанг оваа сезона за Арсенал одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола и додаде две асистенции.

Да потсетиме, во зимата 2018 година од Борусија пристигна во Арсенал за нешто повеќе од 60 милиони евра.

Следната сезона беше најдобар стрелец во англиската Премиер лига со 22 гола, а единствениот трофеј со Арсенал му беше Комјунити Шилд од 2021 година.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.