SportM
Фудбал

Објавени дресовите на Реал за сезоната 2020/21: Детали на ракавите во центарот на вниманието (ФОТО)

Д М29 мар 2020
Објавени дресовите на Реал за сезоната 2020/21: Детали на ракавите во центарот на вниманието (ФОТО)

Тековната сезона допрва треба да заврши, но деталите за новите дресови за претстојната сезона се веќе познати.

„Адидас“ останува спортски бренд, „Fly Emirates“ е главниот спонзор на дресот, а новите дресови вклучуваат детали на ракавите.

„Footyheadlines“ го најави појавувањето на новиот дрес на кралскиот клуб и истиот веќе е воведен преку играта „Pro Evolution Soccer 2020“.

Првиот сет останува во бела боја и главната новина е деталот на ракавот во „животинска текстура“ – розови и темно сино. Ќе има три ленти во темно сина боја од секоја страна.

Како и во сезоната 2014/15, вториот дрес ќе биде розов, а најнеобичен е третиот дрес.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.