SportM
Фудбал

Објавени термините за натпреварите од четврт-финалето од Купот на кралот

Д М1 фев 2020
Објавени термините за натпреварите од четврт-финалето од Купот на кралот

Вчера се одржа ждрепката за четвртфиналните двојки од шпанскиот Кралски Куп, а денес Фудбалската федерација на Шпанија го потврди распоредот на натпреварите.

Сите натпревари се играат следната недела, 4. 5. и 6. февруари, додека ждрепката за полуфиналето ќе се одржи во петок – 7. февруари.

Првата на распоредот е средба помеѓу Гранада и Валенсија, која е закажана за во вторник (4 февруари) во 21:00 часот.

Во среда силите ќе ги одмерат Мирандес (единствениот низколигаш помеѓу осумте најдобри) и Виљареал. И овој натпревар започнува во 21 часот.

Два натпревари се закажани за четврток, 6 февруари. Во 19:00 часот ќе се одигра натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад, додека натпреварот Ахелтик Билбао – Барселона ќе започне во 21:00 часот.

И во четвртфиналето на Купот на кралот се игра еден натпревар.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.