Connect with us

Фудбал

Од болница на терен: Фудбалерот на Барселона покажа колку му значи клубот

Барселона беше поразена во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп од Реал Мадрид со резултат 3:2.

На овој меч на теренот се појави и дефанзивецот Роналд Араухо, кој одигра 120 минути за Барса.

Немаше да има ништо чудно овде доколку Араухо не имаше операција на скршена рака пред само пет дена.

Араухо не сакаше да го пропушти големото Ел Класико. И неговата рака била во гипс, а во неа имало две завртки кои ги поврзувале коските.

Колку му значи клубот покажа и фактот што играше повреден, а тоа ги воодушеви и навивачите на Барселона.

Пофалбите за него се огромни и дефинитивно Уругваецот станува миленик на навивачите на тимот од Камп Ноу.
 

 

Реклама

Facebook

Реклама