Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Фудбал

Од Диего Марадона се просити и Пикси: Плачев по промашениот пенал, а тој ми пријде и ме прегрна

Смртта на Диего Армандо Марадона ги погоди љубителите на фудбалот, а еден од оние кои имаа можност да се борат на сред терен против Марадона е легендарниот југословенски фудбалер Драган Стојковиќ Пикси.

Пикси зборуваше за „Блиц.рс“ за легендарниот Марадона и неговата фудбалска величина.

“Помина најголемиот, волшебникот во копачки. Тој беше Бог, инспирација за мене. Кога велам Бог, мислам кога некого го сметам за “невидена фигураневеројатен лик, скоја му чест”. Марадона беше вистинско божество, тоо ќе ти го кажат иа во Аргентина, Неапол… Неверојатна личност во секоја смисла. Не мислам дека има љубител на фудбалот на планетата што не го сакаше. И спротивставени навивачи. Едноставно, ако си човек, требаше да го сакаш Диего. Многу сум вознемирен, тој замина прерано “. Изјави Пикси за Блиц.

Стојковиќ се потсети и на четвртфиналето на СП 1990 во Италија. Југославија загуби од Аргентина по пенал рулетот.

“Се сеќавам на тој болен пораз. Дали знаеш како се загреваше Марадона? Во копачки, но без врвки. Можеше да се загрее и бос затоа што е Марадона. Во пенал серијата погодив статива, не знаев каде сум. МИ беше полесно кога Марадона не даде гол. Откако нивниот голман одбрани уште два удари, ние испаднавме. Плачев и тој се приближи до мене, ме прегрна и ми рече ‘не плачи. Се е тоа живот. Видов колку добар играч си, ќе има на што да се радуваш. ‘Ако нешто можеше да ме утеши, тоа беа неговите зборови “, додаде Стојковиќ.

Пикси и Марадона разменија дресови по тој натпревар, а Стојковиќ истакна дека таа десетка зазема посебно место во неговиот музеј.

 

loading...

Facebook