Од Париз нова порака за Меси, навивачите на Барселона се загрижени

Иако се шпекулира дека тој ќе ја продолжи соработката со Барса, Лионел Меси сепак е на мета на ПСЖ.
Богатите сопственици на Париз не губат надеж дека ќе го донесат Меси и ќе направат трансфер за кој ќе зуе планетата.
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи тврди дека му рекол некои работи на претседателот на Барселона, Жоан Лапорти.
Да потсетиме, договорот на Меси истекува на крајот на овој месец.
“Големите играчи сакаат да дојдат во ПСЖ. Не е можно да ги донесеме сите затоа што веќе имаме одлични. Меси е фантастичен, и самиот Лапорти рече дека неговиот договор е при крај и дека секој клуб имал право да преговара со него. Секој може да го донесе за новата сезона“, рече Келаифи, потврдувајќи дека не се откажува во оваа сапуница.
Во 2017 година, Лионел Меси го продолжи договорот со Барселона за уште четири сезони.
Со насмевка, Лео потпиша соработка со каталонскиот гигант, а очигледно насмевката беше со причина затоа што за тој договор зеде дури 555 милиони евра.
Меси, наводно, собрал 138 милиони евра годишно во изминатите четири сезони со дополнителни бонуси.
Аргентинецот зеде нешто повеќе од 115 милиони од бонусот само за потпишување нов договор, и скоро 78 милиони бонус за лојалност.
Меси во Барселона одигра 778 натпревари и постигна нереални 672 голови.



