SportM
Фудбал

Од реакцијата на Обамејанг најдобро се гледа дека тој синоќа го одигра последниот натпревар за Барселона

Д М25 авг 2022
Од реакцијата на Обамејанг најдобро се гледа дека тој синоќа го одигра последниот натпревар за Барселона

Фудбалерите на Барселона синоќа одиграа хуманитарен натпревар против Манчестер Сити.

 

Овој натпревар беше во чест на поранешниот голман и тренер на каталонскиот клуб Хуан Карлос Унзуе, но и на сите луѓе кои се борат против порочната болест амиотрофична латерална склероза (АЛС).

 

Камп Ноу беше преполн синоќа, а целиот приход од билетите оди за луѓето кои се борат со АЛС.

Сепак, иако натпреварот беше пријателскиѓќѓќ, навивачите можеа да уживаат во одличниот натпревар помеѓу Барселона и Манчестер Сити, каде забележаа дури шест гола, а конечниот резултат беше 3:3.

 

Од првата минута синоќа играше и Пјер-Емерик Обамејанг, за кого многумина сметаат дека тоа е негов проштален натпревар во дресот на каталонскиот клуб. Ауба успеа да постигне гол на овој натпревар кога на средината на првото полувреме израмни на 1:1.

Веќе извесно време се шпекулира дека Аубамејанг кариерата ќе ја продолжи во Челзи и дека прашање на денови е кога ќе биде официјализиран овој трансфер. Барса ќе заработи околу 30 милиони евра, што е одлична работа со оглед на тоа што Обамејанг пред половина година дојде бесплатно.

Затоа Чави му даде шанса од првата минута бидејќи смета дека Аубамејанг го заслужи збогувањето од навивачите што го доби. Габонецот го напушти теренот во вториот дел и доби голем аплауз од трибините.

 

Исто така, со неговата реакција беше јасно дека се прости од навивачите и дека најверојатно го одигра последниот натпревар во дресот на Барселона каде за кратко време успеа да остави голема трага.

Откако дојде од Арсенал, овој искусен 33-годишен напаѓач одигра 24 натпревари за Барселона, постигна 13 гола и додаде една асистенција.

 

По доаѓањето на Роберт Левандовски, тој го загуби местото во стартната постава, поради што донесе одлука дека е најдобро да го напушти клубот и да ја прифати понудата на Челзи, со кој треба да потпише договор во претстојниот денови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.