SportM
Фудбал

Од успехот на Хрватите профитираат и клубовите: 2 милиони за Динамо

Д М15 дек 2022
Од успехот на Хрватите профитираат и клубовите: 2 милиони за Динамо

Пласманот на хрватската репрезентација во полуфиналето на Мундијалот им донесе значителен приход на домашните клубови, особено на Динамо и Хајдук.

ФИФА на секој клуб му плаќа по 10.000 евра за еден ден што нивниот играч ќе го помине на Светското првенство.

Со оглед на тоа што Хрватите ќе останат во Катар до крајот на турнирот, ова на Динамо ќе му донесе по 370.000 долари за Ливаковиќ, Шутал, Оршиќ и Петковиќ.

Има и 180.000 долари за Иранецот Седег Мохарами, но и профитот од играчите кои го напуштија клубот во последната година – Гвардиол, Јакиќ и Мајер. Се на се загрепчани треба да соберат 1,99 милиони долари.

Хајдук ќе добие 370.000 за Марко Ливаја, колку Осиек за голманот Ивушиќ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.