Фудбал
Одиграл само 107 минити, ама освоил 11 трофеји и заработил милиони, никој како Карсон (ФОТО)
Третиот голман на Манчестер Сити, Скот Карсон, на шега велат дека ја има најдобрата работа во светот на фудбалот, но ако се погледне се што му донесе преселбата на Етихад во 2021 година, се чини дека таквата изјава не е далеку од вистината.
🏴 Scott Carson for Manchester City:
🏆 4x Premier League
🏆 1x Champions League
🏆 1x FA Cup
🏆 2x League Cup
🏆 1x Community Shield
🏆 1x Super Cup
🏆 1x Club World CupHe's only played 107 minutes for City. 😂 pic.twitter.com/i0n0crU6g2
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) May 19, 2024
Скот Карсон (38) пристигна во Манчестер Сити во 2021 година за да биде трет голман на тимот, а пред тоа беше на позајмица на „Етихад“ две години. На таква позиција не играше многу и за полни три години на теренот мина 107 минути. За тоа време поранешниот англиски репрезентативец освои дури 11 трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите минатата година. Пред 19 години со Ливерпул ја освои и Лигата на шампионите, а вчера уште еднаш ја освои титулата англиски шампион откако Сити во трката го победи Арсенал. Додека е трет голман на Манчестер Сити, за Карсон се вели дека ја има најдобрата работа на светот затоа што ги гледа натпреварите од најдобрата позиција, освојува трофеи од година во година и за тоа заработува вистинско богатство.
Платата на Карсон како трет голман на Манчестер Сити е 1,75 милиони евра секоја година, што е вистинско богатство, особено ако се погледне колку е „невработен“ на голот на тимот. За тоа време овој привремен голман има важна улога во соблекувалната, па менаџерот Пеп Гвардиола во неколку наврати потенцираше дека Карсон е најзаслужен за одличното расположение во тимот на тренинзите и натпреварите. Токму поради оваа улога Гвардиола ја продолжи соработката со Карсон, а актуелниот договор му истекува на крајот од сезоната. Допрва треба да игра во финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед и можеби да освои уште еден трофеј на Етихад. После тоа најверојатно ќе го напушти клубот и ќе ја заврши кариерата.