Одличен кам-бек на Барди, Леванте славеше убедлина победа на гостувањето кај Ваљадолид (ВИДЕО)

Тимот на Енис Барди, Леванте славеше убедлива победа на гостувањето кај Ваљадолид со 4:2, со што патува во четвртфиналето на шпанскиот Куп на Кралот.
Енис Барди одигра одличен натпревар, иако беше нешто повеќе од два месеци надвор од терените.
Барди беше првиот стрелец за Леванте, односо го израмни резултатот на 1:1, со одличен гол од слободен удар.
Bardhi. https://t.co/ZXeyppoX9k
— . (@gonzagsm) January 26, 2021
Тони го отвори резултатот за 1:0 во 13. минута, а Барди во 23 .минута ја најави победата.
Потоа, Малса во 45 минута го зголеми водството на гостите на 2:1. В0 59. минута Коке беше прецизен за 3:1, а Висеман во 65. минута се обиде да ги врати домаќините во игра и погоди за 3:2. Конечниот резултат го постави Моралес од пенал во 80. минута.



