SportM
Фудбал

Одличен тренер, но уште поголем човек: Клоп бараше нешто во новиот договор што никој друг не би го барал

Д М29 апр 2022
Одличен тренер, но уште поголем човек: Клоп бараше нешто во новиот договор што никој друг не би го барал

Јирген Клоп потпиша нов договор со Ливерпул кој ќе го задржи на „Енфилд“ до 2026 година.

Одличниот германски стручњак ги воодушеви сите навивачи на „црвените“, а треба да се напомене дека Клоп не побара никакво зголемување на платата, иако сигурно имаше основа за тоа.

Според одредени информации тој заработува 15 милиони фунти годишно и не сакал да бара од клубот зголемување за да остане на клупата. Но, тој направи потег што не би го направиле сите, а за продолжување на договорот побара само зголемување на договорот за неговите помошници.

Германскиот стручњак сакаше неговите помошници да си ја осигураат иднината. Годишно ќе добиваат покачување од два милиони фунти и тоа секако е одлична вест за нив.

Со овој потег и Клоп покажа што е човечка големина и ретко кој менаџер направи вакво нешто.


Германскиот тренер е на „Енфилд“ од 2015 година. Тој изгради неверојатен тим кој стана еден од најдобрите во светот, а по три децении успеа да им го донесе на црвените трофејот Премиершип.

На клупата на „црвените“ одигра вкупно 373 натпревари. Победи на 229, има 84 нерешени и 60 порази.

Со овој тим ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство и ЕФЛ купот.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.