Одлична вест за Ансу Фати

Талентираниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати, целосно се опорави и ќе биде целосно подготвен за почетокот на новата сезона.
Фати се опорави од повредата на коленото и на почетокот на подготовките кон средината на јули ќе биде со тимот на Барселона, кој ќе се подготвува за следната сезона.
Тој претрпе сериозна повреда на натпреварот против Бетис на почетокот на ноември минатата година. Требаше да паузира до април, но лекарите дадоа погрешни дијагнози и терапии, па мораше да направи три дополнителни операции.
Сега сè е во ред со него и едвај чека да започне со подготовките, но и игрите во дресот на Барселона.
Роналд Куман лесено ќе одлучи, откако претходно беше објавено дека францускиот напаѓач Усман Дембеле ќе го пропушти почетокот на сезоната поради повреда.
18-годишникот минатата сезона оствари вкупно само 10 настапи, но и тоа беше доволно за да постигне пет гола и да запише четири асистенции.



