SportM
Фудбал

Одложен натпреварот Севиља – Барселона

Д М7 сеп 2021
Одложен натпреварот Севиља – Барселона

Високиот судски совет за спорт во Шпанија го прифати барањето на Ла Лига и одложи два натпревари од 4.коло што требаше да се одиграат викендот.

По септемвриската репрезентативна пауза, клубовите ќе се вратат во акција претстојниот викенд, но не сите ќе бидат на теренот како што претходно беше планирано.

Ла Лига одлучи да ги одложи двата натпревари од 4.коло планирани за в сабота. Се работи за дуел помеѓу Севиља – Барселона и Виљареал – Алавес.

Со оглед на тоа што се играат три квалификациски натпревари во Јужна Америка во септемврискиот период, некои играчи нема да можат навремено да ги исполнат обврските на клубот.

Интересно, Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) не ја сметаше оваа причина доволна за одложување, па Ла Лига се обрати до Високиот судски совет, кој одлучи да ги одложи натпреварите.

На пример, во случајот со Севиља, Гонзало Монтиел, Папу Гомез и Маркос Акуна не можеа да го одиграат натпреварот против Барселона бидејќи нивниот натпревар завршува во петок во 1:30 часот по шпанско време, односно ден и пол пред натпреварот со Каталонците.

Инаку, Барселона, Севиља и Виљареал веќе следната недела играат натпревари од Лигата на шампионите, па не се знае кога ќе бидат одиграни одложените натпревари.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.