Одлуката на Анчелоти за Герет Бејл ќе ги разбесни навивачите на Реал Мадрид

Герет Бејл вчера не се појави на „Сантијаго Бернабеу“ на натпреварот против Бетис (0:0).
Велшанецот го напушта Реал Мадрид по девет години, но го остава кралскиот клуб на милост и немилост на навивачите кои често го прозиваат поради неговиот непрофесионален однос кон клубот.
Бејл воопшто не тренирал со клубот во последните неколку недели. Се работи за наводна повреда на грбот поради која не се појави на вчерашното збогување од Бернабеу.
View this post on Instagram
Сепак, Карло Анчелоти е подготвен да му даде шанса во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, кое ќе се одигра на 28 мај во Париз. Тоа го потврди вчера по Бетис.
Бејл очајно сака да се збогува на вистински начин. Ќе има уште една шанса и верувам дека ќе биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите“, изјави Анчелоти.
View this post on Instagram
Велшанецот во изминатите девет години освои апсолутно се во дресот на „Кралевите на Мадрид“, но доби статус на „паразит“ бидејќи не сакаше да се откаже од платата или да го напушти клубот за да заработува помалку.
Герет Бејл одигра 258 натпревари за Реал Мадрид и постигна 106 голови.
Треба да се напомене дека Карло Анчелоти потврди дека Иско го напушта клубот и му посака среќа каде и да ја продолжи кариерата.



