SportM
Фудбал

Однесувањето на Роналдо ги налути навивачите на Атлетико, но и судијата

Д М23 фев 2022
Однесувањето на Роналдо ги налути навивачите на Атлетико, но и судијата

Кристијано Роналдо вечерва е главна мета на играчите, но и на навивачите на Атлетико.

Дуелот во Мадрид донесе многу жестоки стартови, а тоа воопшто не му се допадна на Роналдо, па реши правдата да ја бара кај судијата Овидиу Хатеган од Романија.

Искусниот напаѓач на Манчестер Јунајтед често се жалеше на судењето. Тој се жалеше, бараше картони, но во еден момент Хатеган му покажа дека може да биде тој што ќе пожолти.

Роналдо искажа видливо незадоволство и откако Хатеган го одигра крајот. Тој мавташе со рацете на патот кон соблекувалната и не можеше да поверува што се случува.

https://twitter.com/SC_ESPN/status/1496590150058528774

Секако, со оглед на тоа што долго време настапуваше за најголемиот ривал на Реал Мадрид, Роналдо е мета на навивачите на Атлетико кои свиреа на сите негови потези.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.