Connect with us

Фудбал

Одреден е нов датум за италијанското дерби

Published

on

Сè уште чекаме официјална потврда од италијанскиот фудбалски сојуз.

Јувентус и Наполи првично требаше да го одиграат првенствениот натпревар на 4 октомври, но тој не се играше затоа што гостите не пристигнаа во Торино поради проблеми со коронавирусот.

Потоа, Јувентус го доби натпреварот на зелена маса (3:0), но поплаките на „наполитанците“ вродија со плод и одлуката за регистрација на играта во корист на Старата дама беше поништена.

Се бараше нов термин за натпреварот, а бидејќи Наполи синоќа испадна од Лигата на Европа, сега е јасно дека дербито ќе се игра во среда, на 17 март. Торино – Сасуоло ќе се игра истиот ден, натпревар кој требаше да се одигра вечерва.

Facebook