Connect with us

Ракомет

Одредени термините за последните четири кола во ракометната ЛШ

Европската ракометна федерација во соработка со клубовите и ТВ куќите кои ги имаат правата за пренос ги одредија термините и саатниците за последните четири кола од групната фаза на Лигата на шампионите, објави РК Вардар на клупската веб-страница.
Македонскиот шампион во февруари и март 2019 година по двапати ќе гостува и ќе биде домаќин.
Термин и саатници на натпреварите на Вардар од 11. до 14. коло во ЛШ:
11. коло – 6 февруари 2019
Рајн Некар – Вардар (19:00 часот)
12. коло – 16 февруари 2019
Вардар – Веспрем (17:30 часот)
13. коло – 23 февруари 2019
Кристијанштад – Вардар (19 часот)
14. коло – 2 март 2019
Вардар – Монпелје (17:30 часот).
Првопласираниот тим од групата ќе се пласира директно во четврт-финалето на ЛШ. Другите екипи кои ќе бидат од второ до шесто место во групата ќе играат во осмина-финалето и ќе се борат за влез меѓу осумте најдобри.