SportM
Фудбал

Официјалната продавница на Реал веќе продава дресови на Азар со бр.7

Д М7 јун 2019
Официјалната продавница на Реал веќе продава дресови на Азар со бр.7

Иако трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид сè уште не е објавен, сосема е сигурно дека тоа ќе се случи. Во една од официјалните продавници во „лос бланкос“ (на аеродромот во Барселона) може да се купи дрес на Белгиецот, со број 7 на грбот.

По напуштањето на Кристијано Роналдо, „седмицата“ отиде кај Маријано Дијаз. Но се чини дека шпанскиот стрелец ќе мора да му го отстапи бројот на ѕвездата.

Во меѓувреме, сонародникот на Азар, Кевин де Бруин изјави дека сметал дека трансферот на Еден нема да се случи додека не заврши кампот на националните тимови.

– Ништо нема да се случи во следните четири или пет дена, рече Де Бруин категорично.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.