Официјално – Ансу Фати меѓу „галебите“!

Еден од најинтересните трансфери во летниот преоден рок денеска доби официјална потврда. Ансу Фати е новиот фудбалер на Брајтон.
Шпанскиот репрезентативец до крајот на сезоната ќе настапува за Премиер лигата, а во Брајтон ќе пристигне на позајмица од Барселона. Станува збор за еден од „бисерите“ на Барселона, кој ќе има добри шанси да се подобри играјќи натпревари во најсилната лига во светот.
Брајтон нема да има право да го откупи неговиот договор следното лето.
„Галебите“ се обврзаа да исплатат 80% од платата на Фати.
Брајтон под водство на Италијанецот Де Зерби игра многу атрактивен фудбал, а со овој млад офанзивец ќе биде уште повозбудливо.
Barça to Brighton. @ANSUFATI is HERE! 💙 pic.twitter.com/1UpyjJfJwZ
— Brighton & Hove Albion (@OfficialBHAFC) September 1, 2023



