SportM
Фудбал

Официјално е прогласен воновник за смртта на Аргентинецот Емилијано Сала

Д М18 окт 2021
Официјално е прогласен воновник за смртта на Аргентинецот Емилијано Сала

Сега официјално постои виновник за смртта на аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала. Поранешниот фудбалер на Нант го загуби животот во авионска несреќа на Ла Манш заедно со 59-годишниот пилот Дејвид Иботсон.

Обвинет е Дејвид Хендерсон, кој беше организатор на патувањето на 28-годишникот од Франција во Велс, откако потпиша со Кардиф Сити.

66-годишникот беше обвинет дека го ставил животот на Сала во опасност за непромислено одобрување на лет во лоши услови.

Телото на Аргентинецот е пронајдено во авионот две недели по настанот на длабочина од 67 метри. Додека телото на 59-годишниот пилот никогаш не беше пронајдено.

Во октомври 2020 година, за време на сослушувањето, Хендерсон се изјасни за невин по обвиненијата во судот и беше ослободен со кауција до следното рочиште. Исто така, се покажа дека лиценцата на пилотот Иботсон за летање со комерцијални авиони истече во ноември 2018 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.