Connect with us

Фудбал

Официјално: Финалето на ЛШ во Порто

Финалето на оваа година од Лигата на шампионите ќе се игра во Порто, а сега пристигна и официјалната потврда.

За ова беше напишано утрово во водечките светски медиуми, а официјалната потврда значи дека Истанбул остана без финалето во Лигата на шампионите втора година по ред, а причината е лошата состојба поврзана со пандемијата на коронавирусите.

УЕФА одлучи да го смени домаќинот на последниот натпревар во кој ќе се најдат Манчестер Сити и Челзи, откако Англија ја стави Турција на црвената листа на земји изложени на ризик за своите граѓани за време на пандемијата.

Ова значи дека навивачите, новинарите и играчите ќе мора да бидат ставени во карантин при враќањето од оваа земја, па УЕФА реши да реагира и да го смени домаќинот на финалниот натпревар и со тоа да им олесни на англиските клубови да ги организираат своите патувања.

На крајот беше решено финалето оваа година да се игра во Порто, на стадионот Драгао.

Истанбул веројатно ќе се најде на списокот за организација на едно од следните финалиња, а каква ќе биде реакцијата на комплетната ситуација во Турција, ќе видиме.

Треба да се напомене дека одреден број навивачи ќе присуствуваат на овој финален натпревар. Двете екипи треба да добијат помеѓу 4.500 и 6.000 билети за своите навивачи.

Главен судија на финалниот натпревар е Шпанецот Антонио Матеу Лахоз.