Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Конте нов тренер на Наполи, му ветиле 230 милиони евра за засилувања само за ова лето

Сега е официјално. Трофејниот италијански тренер Антонио Конте ја презеде клупата на Наполи. Целиот договор беше официјализиран во клубот во подножјето на Везув, откако Конте потпиша тригодишен договор.

За тоа време, како што претходно открија италијанските медиуми, тој ќе заработи 24 милиони евра. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, успеа да го убеди Конте да дојде на југот на Италија, се разбира, бидејќи само за летото што доаѓа му вети буџет за засилувања од дури 230 милиони евра.

– Горд сум што Конте е новиот тренер на Наполи. Тој е врвен тренер, лидер, убеден сум дека ќе поставиме основа за да не одведе до Скудетото. Почна ново поглавје во историјата на Наполи – изјави Де Лаурентис.

Ниту Конте не го криеше ентузијазмот.

– Наполи е клуб со големо име. Среќен сум и возбуден што станав тренер на Наполи. Можам да ветам дека ќе дадам се од себе за да го развијам тимот и клубот. Целосно сум посветен на таа задача – изјави Конте.

Зад него, Конте го освои шампионатот на Италија со Јувентус и Интер, поради што многумина мислат дека би можел да воспостави царство и со Наполи. Колку и да изгледа невозможно од оваа гледна точка, клубот од Неапол заврши само на 10. место во Серија А.