Официјално – Ливерпул има нов капитен
Д М31 јул 2023

Фудбалскиот клуб Ливерпул денеска потврди дека Вирџил ван Дијк е новиот капитен на првиот тим.
По заминувањето на Џордан Хендерсон, се шпекулираше кој ќе биде легитимен наследник на Англичанецот, а изборот очекувано падна на Холанѓанецот.
Ван Дијк беше капитен на повеќето натпревари минатата сезона кога го немаше Хендерсон, па се одеше кон тоа тој да остане со лентата.
Она што е интересно, негов заменик е Трент Александар-Арнолд, иако многумина веруваа дека Мохамед Салах ќе биде барем втор капитен.
Сепак, ТАА е дете на клубот и Јирген Клоп оцени дека тој е најдоброто решение.
Да потсетиме, меѓу капитените беше и Џејмс Милнер, кој исто така како слободен играч го напушти клубот и замина во Брајтон.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



