Официјално: Матуиди го напушта Јувентус
Д М12 авг 2020

Блез Матуиди официјално го раскина договорот со Јувентус и се очекува во наредните недели и официјално да му се приклучи на Интер Мајами во МЛС.
33-годишниот играч од средниот ред им се придружи на Јуве во летото 2017 од ПСЖ за 25 милиони евра плус бонуси.
Се верува дека штотуку потпишал за фудбалскиот клуб од Мејорџ лига, Интер Мајами кој е во сопственост на Дејвид Бекам.
„Францускиот играч од средниот ред се очекува да го напушти Јувентус по три години каде има освоено пет трофеи со клубот“, се вели во соопштението на клубот.
„Со нашите бои на грбот, тој играше со своето срце и даде се од себе за секој натпревар: вршејќи притисок врз противниците, трчаше многу и даде многу на тимот“, се наведува во соопштението.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



