SportM
Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО – Сајтот падна поради Џуд Белингем!

Д М7 јун 2023
ОФИЦИЈАЛНО – Сајтот падна поради Џуд Белингем!

Фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд го потврди трансферот на Џуд Белингем во Реал Мадрид.

Еден од летните трансфери се случи на самиот почеток на преодниот рок. Реал Мадрид ги заврши сите потребни документи и потпиша со момче кое важи за еден од најталентираните играчи во светот во моментов.

Џуд Белингем во шпанската престолнина пристигнува со аквизиција вредна 100.000.000 евра, додека неговата нето плата ќе биде меѓу 10.000.000 и 12.000.000 евра.

На официјалното објавување на трансферот се надоврза и Борусија Дортмунд, која накратко изјави дека е постигнат договор со Реал Мадрид, а потоа падна веб-страницата на германскиот клуб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.