Официјално: Сампдорија го промовираше Македонецот! (ФОТО)
Редакција14 авг 2024

Италијанскиот напаѓач со македонско потекло Никола Секулов и официјално е нов фудбалер на Сампдорија. Како што пишувавме вчера, Јувентус се одлучи да го продаде фудбалерот за 2 милиони евра. Секулов со Сампдорија се обврза на договор до 2028-ма година.
#Sekulov is blucerchiato.
🔵⚪️🔴⚫️⚪️🔵 pic.twitter.com/BkVinEpRba
— U.C. Sampdoria (@sampdoria) August 14, 2024
Секулов е роден во Пјаченца, неговите родители потекнуваат од Македонија. Го носел дресот на македонскиот национален тим во репрезентатијата за играчи до 17 години, но потоа одлучува да настапува за италијанската селекција. Тој е напаѓач, а освен за Јувентус, играл за Кремонезе како позајмен играч.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



