Connect with us

Фудбал

Официјално: Тотенхем го назначи Мурињо за тренер

Тотенхем го потврди назначувањето на Жозе Мурињо за тренер, откако вчера беше потврдено заминувањето на Маурисио Почетино. Договорот на Мурињо со лондонскиот клуб важи до 2023 година.

Најавата за именувањето на Жозе Мурињо доаѓа само неколку часа откако Маурисио Почетино беше разрешен од клубот поради лошата форма на почетокот на сезоната.

Мурињо е невработен како тренер од декември 2018 година, кога беше разрешен од Манчестер Јунајтед. Сега, трикратниот победник во Премиер лигата е подготвен да се врати во фудбалскиот свет.

Под водство на Почетино во овој период, Тотенхем четири пати заврши во најдобрите четири од Премиер Лигата и стигна до финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2018/19.

Сепак, лондонскиот клуб досега има победено само на пет натпревари оваа сезона и претседателот на клубот, Даниел Леви, јасно стави до знаење дека е потребна голема промена за доброто на клубот.

„Ние сме подготвени да ја направиме оваа промена и не е одлука што одбоот ја донесе лесно или брзаше“, рече Леви.

„Жал ни е што резултатите на крајот на минатата сезона и на почетокот на оваа сезона се крајно разочарувачки“, додаде тој.

„Маурисио и неговиот персонал секогаш ќе бидат во нашата историја“, рече тој.

Додека Тотенхем минатата сезона имаше успешна сезона во Европа, сега формата во лигата е исклучително слаба за поголемиот дел од 2019 година.

Од победата 3:1 против Лестер Сити на 10 февруари, Тотенхем има славено на само шест од последните 24 натпревари во Премиер лигата.

Тотенхем моментално се наоѓа на 14-то место во Премиер лигата.