ОФИЦИЈАЛНО: Унаи Емери доби отказ!

Арсенал денес реши да ја откаже соработката со Унаи Емери.
Лондонскиот клуб објави дека во договор со Емери и неговите помошници е донесена одлука за прекинување на соработката.
Сопственикот Џош Кронеке пред Арсенал рече:
„Нај искрејно фала упатувам до Унаи и неговите колеги кои беа немилосрдни во нивните напори да го вратат клубот на она ниво што сите очекуваме и сакаме. Му посакуваме на него и на неговиот тим многу успех во иднина. Одлуката е донесена поради тоа што резултатите и натпреварите не биле на потребното ниво “.
Поранешниот играч на Арсенал, Фреди Љунберг ќе добие шанса да го предводи тимот во наредниот период сè додека клубот не најде нов тренер.
Емери дојде како наследник на Арсен Венгер, но тој не донесе забележителни резултати, а оваа сезона полека ја губи својата шанса за четвртото место и пласман во Лигата на шампионите.
Последниот натпревар на Емери на клупата на Арсенал заврши до неславно, бидејќи „Топџиите“ беа поразени од Ајнтрахт со 2:1 во натпревар од Лига Европа синоќа на „Емирати“.



