Она што го направија играчите на Ливерпул денес, тешко дека некогаш ќе се повтори
Д М19 дек 2020

Ливерпул денес го победи Кристал Палас со 7-0.
Минамино, Мане и Хендерсон погодија еднаш, а Фирмино и Салах двапати, а „црвените“ дополнително го зацврстија првото место во Премиер лигата.
Секако е интересно што за прв пат во историјата на Премиер лигата, седум различни играчи регистрираа гол асистенција на еден натпревар.
Мане, Фирмино, Робертсон, Александар-Арнолд, Салах, Матип и Окслејд-Чембрлен го напишаа своето име во колоната за систенти и тоа е нешто што ќе биде тешко да се повтори некаде во иднина.
Како што одминува сезоната, „црвените“ повторно ја покажуваат шампионската игра што им ја донесе титулата минатата сезона по три децении, а тимот на Јирген Клоп изгледа прилично подготвен за уште еден трофеј во Премиершип.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



