SportM
Фудбал

Она што Роналдо не може да го поднесе можеше да биде фатално за Португалецот!

Д М24 јун 2021
Она што Роналдо не може да го поднесе можеше да биде фатално за Португалецот!

Кристијано Роналдо постигна два гола против Франција и со тоа ја однесе Португалија во осминафиналето на Европското првенство.

На дуелот одигран во Будимпешта, Роналдо двата пати погоди, стигна до бројката од 109 голови во дресот на репрезентацијата, а со тоа се изедначи со Иранецот, Али Даеи.

Прославата за израмнувачки погодок можеше да биде фатална за најпопуларниот фудбалер на денешницата, особено ако некој од навивачите на „триколорите“ беше попрецизен.

Имено, еден од навивачите фрли шише Кока-Кола што помина покрај главата на Роналдо, а за малку беше избегнат нов скандал на Европското првенство.

Некои шпекулираат дека дури и шишето Кока-Кола го удри Роналдо во пределот на вратот, бидејќи неколку минути подоцна беше снимен како го чеша тој дел од телото.

Роналдо е познат по тоа што не толерира Кока-кола, но и сите газирани пијалоци поради неговата специјална диета што го одржува во топ форма со години.

Веќе на почетокот на Европското првенство, тој го отстрани шишето Кока-Кола и на сите им рече дека е подобро и поздраво да се пие вода, што резултираше во вредноста на американската компанија за неколку минути да падне за 4 милијарди евра.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.