SportM
Фудбал

Она што се подготвува утре во Италија долго ќе се памети

Д М21 мај 2022
Она што се подготвува утре во Италија долго ќе се памети

Милан по 11 години има можност да ја освои титулата во Италија.

На „росонерите“ им треба само бод во последното коло на гостувањето кај Сасуоло или евентуален неуспех на Интер на „Меаца“ против Сампдорија.

 

Сепак, во Милано нема дилема дека ќе го кренат шампионскиот трофеј. Се е подготвено за големото славје, а за играчите на Росонерите патувањето во Реџо Емилија ќе биде како домашен меч.

 

Се очекува да пристигнат дури 18.000 навивачи на Милан. Капацитетот на стадионот е нешто повеќе од 21.000 и јасно е дека огромно мнозинство на трибините ќе бидат Росонерите.

 

Интересно е што дури 90.000 навивачи на Милан се пријавиле за билети, но само 18.000 од нив ќе имаат можност да ги поздрават веројатно новите шампиони на Италија.

Да беше капацитетот на стадионот 100.000, веројатно ќе беше мал. Меѓу навивачите на италијанскиот великан владее невидено лудило и сите едвај чекаат да започне натпреварот.

 

Потсетуваме, натпреварот помеѓу Сасуоло и Милан се игра во недела од 18 часот, а во истиот термин на „Меаца“ ќе се игра и Интер-Сампдорија, по што ќе дознаеме кој ќе биде шампион во Серија А.

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.