Опасна криза ја „тресе“ Барселона: Дури и Луис Суарез е на продажба

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез пристигна во Барселона од Ливерпул пред шест години и тоа беше целосен погодок за каталонскиот клуб.
Суарез пристигна во Барселона за 80 милиони евра, но каталонскиот клуб не жали ни евро инвестирано во овој трансфер. Во својата прва сезона со Барселона, Уругваецот ја освои титулата во Лигата на шампионите и стана шампион на Шпанија, и секако е еден од најдобрите напаѓачи што ги има Барса.
Доволно е да се каже дека овој 33-годишен напаѓач одигра 270 натпревари за Барселона, постигнувајќи 191 погодок и запиша уште 108 асистенции. Сепак, во Барса се свесни дека веќе треба да размислат за негова замена.
Веќе некое време се шпекулира дека Барселона ќе ја засили Лаутаро Мартинез и ќе го преземе како прв напаѓач. Уругваецот има договор уште една година, а „Мундо Депортиво“ пишува дека не е невозможно Барселона да го продаде ова лето.
Наводно, поради финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, Каталонците биле принудени да продадат неколку играчи за да имаат пари за засилувања, но и поради финансискиот фер-плеј.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Суарез, кој е најдобар играч на Барселона во претходните сезони, е исто така на продажба. Но, очигледно клубот сака да го донесе Лаутаро Мартинез, а деновите на Суарез се броени.
Голем број на МЛС клубови покажаа интерес за Суарез и се надеваат во Барселона дека понудата ќе биде прифатлива.



