SportM
Фудбал

Опција помалку за Ракитиќ

Д М1 мај 2020
Опција помалку за Ракитиќ

Иван Ракитиќ нема да се врати во Севиљја, јавуваат шпанските медиуми.

Хрватскиот репрезентативец има важечки договор со Барселона, но во последните неколку недели широко се објави дека тој ќе го напушти „Камп Ноу“ и дека Севилја е една од опциите.

На своите настапи во медиумите, Ракитиќ никогаш не криел дека би сакал да се врати во Андалузија, како што сонуваат водачите на клубот, но таа работа ќе мора да почека за подобри времиња.

Медиумите во Шпанија објавија дека Ракитиќ бил во контакт со спортскиот директор на Севиљја, Мончи и разговарале за евентуално враќање, но дека дошле до заеднички заклучок дека трансферот е едноставно невозможен.

„Ракитиќ заработува околу 8,5 милиони евра во Барселона, а Севиљја не може да ги исполни овие барања“, тврди Мундо Депортиво.

Затоа Севиља испадна од трката за Ракитиќ. Други клубови во трката беа Тотенхем, Атлетико Мадрид, како и Виљареал.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.