Организаторот побара од Антонела да се тргне настрана, а потегот на Меси го воодушеви целиот свет (ВИДЕО)

Лионел Меси синоќа по седми пат во кариерата ја освои Златната топка.
Меси е апсолутен рекордер по бројот на освоени Златни топки и тешко е да се очекува во блиска иднина некој да го надмине.
Аргентинецот оваа година со Аргентина ја освои Копа Америка, а со репрезентацијата успеа да стигне и до големиот трофеј, што на крајот му беше доволно да освои уште една Златна топка.
Доделувањето на наградата се одржа во Париз, а Меси во друштвото пристигна во придружба на семејството.
По пристигнувањето пред театарот, Меси им позираше на фотографите со сопругата Антонела и синовите Тијаго, Матео и Чиро, а потоа во еден момент еден од организаторите ја замоли сопругата малку да се помрдне.
Тие сакаа да го фотографираат Меси само со неговите синови, а ја замолија Антонела да се тргне настрана што таа на крајот и го направи.
Но, таквото барање го налути Меси и тој му порача на Антонела да остане до нив и да се фотографираат сите заедно што беше потег кој ги воодушеви навивачите на аргентинскиот фудбалер.
Le piden a Antonella que se quite para sacarle foto solo a Leo y él le dice que se quede. Golazo de Messi.🐐🤭pic.twitter.com/0fzaPQ6Rvl
— 𝔼𝕃 𝕁𝔸𝕀𝕊𝔼ℕ𝔹𝔼ℝ𝔾🎩 𝕏 (@ElJaisenberg_) November 30, 2021



