SportM
Фудбал

Осимен е најдобар за минатата сезона

Д М21 мај 2022
Осимен е најдобар за минатата сезона

Членот на Наполи, Виктор Осимен е избран за најдобар млад играч во Серија А.

На едно коло пред крајот Серија А објави кои се наградени за сезоната што се ближи кон крајот.

И покрај тоа што Душан Влаховиќ постигна 24 гола, наградата за најдобар млад играч оди кај Осимен.

Беше главен играч на Наполи, а во сезоната постигна 14 гола.

Наводно летово би можел да го напушти Наполи и да се смести во Англија.

 

Тој пристигна во Наполи летото 2020 година, кога Италијанците за неговите услуги на Лил му платија над 75 милиони евра. Нигерискиот напаѓач успеа доста брзо да се адаптира и стана најважниот играч во нападот на тимот.

 

Неговата импресивна фигура и извонредната брзина го интересираа Арсенал за евентуален трансфер, но сумата потребна за да го доведе кај „топчиите“ беше преголема.

 

Според италијанските медиуми, Наполи сака да добие најмалку 100 милиони евра за Виктор Осимен, во спротивно не сака да ја прекине соработката со 23-годишниот напаѓач.

 

Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди нешто повеќе од 100 милиони евра за Осихмен, а во средата имало средба помеѓу играчот, неговиот агент и Де Лаурентис, предводникот на Наполи, на која се разговарало за иднината на нигерискиот фудбалер.

 

 

 

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.