SportM
Фудбал

Откако Јуве му ја одреди цената на Роналдо, ПСЖ прв се јави

Д М12 мар 2021
Откако Јуве му ја одреди цената на Роналдо, ПСЖ прв се јави

Јувентус наводно е подготвен да го продаде својот најдобар играч Кристијано Роналдо за само 29 милиони евра на лето.

Роналдо е убедливо најплатениот играч во Торино, а Јувентус има намера да го искористи за да го олесни буџетот, но и да направи одредена смена во рамките на тимот. По очигледно сезона полна со разочарувања, без разлика дали клубот го освои Скудетото или не, донесена е одлука за продажба на некои искусни играчи.

Медиумите во Италија наведуваат дека Јуве ќе го продаде Роналдо по минимална цена од 29 милиони евра, а ПСЖ се смета за прв фаворит за купување на поранешната sвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Што мислат тие за тоа во Париз, поточно спортскиот директор на тој клуб, Леонардо?

“ПСЖ секогаш ги следи сите играчи, секој врвен играч е поврзан со ПСЖ и тоа е добра работа. Ние секогаш можеме да преговараме со големи играчи кои сакаат да дојдат кај нас, а понекогаш ги валоризираме ваквите разговори. Сепак, во моментот не сме во преговори со Меси и Роналдо “.

Секако, ова не ја исклучува можноста на лето да се случи некоја од споменатите sвезди да го носи дресот на францускиот шампион.

„Сè е можно“, одговори енигматично Леонардо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.