SportM
Фудбал

Откриена голема измама: Фудбалер на Црвена звезда лажел за возраста и идентитетот?

Д М27 апр 2021
Откриена голема измама: Фудбалер на Црвена звезда лажел за возраста и идентитетот?

Големата афера доаѓа од Габон. Имено, африканските медиуми го обвинуваат првотимецот на Црвена Звезда Гуелор Канга за фалсификување на неговиот извод.

Канга, наводно, го сменил својот идентитет по неговото пристигнување во Габон, а во јавноста се дозна дека тој не е роден во 1990 година, туку во 1985 година и дека се вика Кијаку Кјанга. Роден е во ДР Конго.

Наводно, Канга го сменил идентитетот откако се приклучил на редовите на второлигашот од Габон со цел да не го заземе местото на странец. Тој беше убеден од тренерот на тој тим.

https://twitter.com/africasportoday/status/1386896662208057345

Поради оваа афера, Габон би можел да биде исфрлен од Африканскиот куп на нации.

Целата приказна веројатно ќе влијае на кариерата на Канга, кој има важечки договор со Црвена Звезда до крајот на 2023 година.

Конго поднесе жалба до ЦАФ, а ФС Габон е обвинет за голема измама.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.