SportM
Фудбал

Откриена иднината на Меси: „Ќе го донесеме и тој ќе има влијание како никогаш досега“

Д М27 мај 2022
Откриена иднината на Меси: „Ќе го донесеме и тој ќе има влијание како никогаш досега“

Лионел Меси минатото лето ја напушти Барселона и потпиша за ПСЖ.

Аргентинецот и следната сезона ќе продолжи во Франција, но шпекулациите за неговата иднина по истекот на договорот, летото 2023 година, го водат во МЛС.

Напаѓачот на ПСЖ стана малцински акционер во Интер Мајами, тим кој како инвеститор го има поранешниот играч на Манчестер Јунајтед Дејвид Бекам.

 

Неговиот поранешен соиграч Тим Хауард зборуваше во САД за иднината на Лео Меси и јасно и гласно објави дека верува дека Аргентинецот ќе стигне до МЛС.

„Тоа ќе биде МЛС. Влијанието ќе биде поголемо отколку што некогаш било овде“, изјави Тим Хауард за ESPN.

 

„Отсекогаш сум велел дека ги сакам најдобрите играчи. За жал, понекогаш тоа е лоша работа. Кога го започнав овој проект, луѓето велеа: „Овој човек доаѓа, ова момче доаѓа, доаѓа Роналдо, доаѓа Меси“. ”

 

„Нашите навивачи ќе бидат среќни ако имаме познати личности во тимот, но ќе бидат уште посреќни ако видат млади играчи како минуваат низ нашата академија и ја освојуваат МЛС“, рече Дејвид Бекам.

 

За можноста да го доведе Лео Меси во тимот проговори и вториот сопственик на Интер Мајами, Хорхе Мас.

 

„Лео Меси се уште е еден од најдобрите играчи во светот. Неговите вештини не се намалуваат. Дејвид добро се согласува со него, па ако го напушти ПСЖ, би сакале да го видиме како игра за Интер Мајами. Јас сум оптимист, тоа е можно“, рече Мас.

 

 

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.