SportM
Фудбал

Откриено е последното барање на Марадона пред неговата смрт

Д М27 ное 2020
Откриено е последното барање на Марадона пред неговата смрт

Диего Марадона може да стане четвртата личност во историјата на Аргентина на која по смртта ќе му биде балсамирано телото.

Поранешниот голем играч почина во средата на 60-годишна возраст откако доживеа срцев удар и беше погребан синоќа во Каза Росада во Буенос Аирес.

Според новинарот Мартин Аревало, непосредно пред неговиот 60-ти роденден, Марадона побарал од семејството да се грижат за неговото балсамирање откако ќе почине за да го сочуваат со текот на времето.

Никој од семејството или поранешните партнери на Марадона не ги коментираше ваквите обвинувања, а претходно беа балсамирани само три лица во Аргентина, имено воениот генерал Хозе де Сан Мартин и поранешниот аргентински претседател Хуан Доминго Перон и неговата сопруга.

Балсамирање е име за вештина со која разни процедури, најчесто употребата на разни хемиски агенси, се обидуваат привремено да ги зачуваат човечките остатоци, односно да го забават распаѓањето.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.