Отпишаната ѕвезда на ПСЖ признава: Точно е, јас преговарам со Јувентус!

Адријан Рабио во зимата влезе во конфликт со челниците на ПСЖ, бидејќи тој зад грб договори ангажман во Барселона одби да ја продолжи соработката со ПСЖ.
Договорот на Рабио со ПСЖ официјално ќе истече на крајот од овој месец, но тој нема да замине како слободен играч во Барселона.
Оваа опција одамна се распадна, а 24-годишниот фудбалер, во меѓувреме, почна да се поврзува со Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Сепак, минатата недела многу изненадувачки информации дојдоа од Франција.
Имено, француските медиуми објавија дека Рабио сега е подготвен да потпише нов договор со ПСЖ, и дека клубот од Париз после сè е подготвен да му понуди ист договор.
Тренерот Томас Тухели и газадата Ал-Келафи се подготвени да ги закопаат секирите со Рабио и да му дадат нов договор, но исто така и поради тоа што долго време се планира во иднина да биде водич на ПСЖ и симбол на клубот од каде и потекнува.
Оној кој не сака да пружи рака за помирување и да се даде нова шанса на Рабио е спортски директор Антеро Енрике. Сепак, тој е на излезна врата, па нема пречки за помирувањето на ПСЖ и Рабио.
Сепак, денешните нови ексклузивни информации доаѓаат од самиот Рабио.
Рабио е моментално во италијанското одморалиште Порто Ерколе со неговата мајка, а таму тој зборуваше со новинарите за „Corriere dello Sport“ и „Tuttsport“, и потврди дека е во преговори со Јувентус.
„Јувентус е одличен клуб за сите да сакаат да играат… Вистина е, зборуваме“, рече Рабиот.
„Sportitalia“ претходно тврдеше дека Јувентус дојде во контакт со Рабио, и овие тврдења се чини дека се вистинити.
Се чини дека по Арон Ремзи, уште еден играч од средниот ред, како слободен играч, може да влезе во редовите на Старата дама.



