Отпишаниот играч на Реал заминува во Рома

Напаѓачот на Реал, Маријано Дијаз го привлече вниманието на Римјаните.
Тренерот на Рома, Пауло Фонсека сака Дијаз да ја засили во Рома. Фудбалерот сака да го напушти Мадрид, бидејќи не му беше укажана шанса во Реал Мадрид, а во Олимпико се подготвени да го купат.
Реал, планираше Дијаз да му го позајми на Лион, но како што се појави интересот на Рома, така Реал чекаше да види што ќе се случи, но сигурно е дека играчот на крајот ќе замине во Рома.
26-годишниот Дијаз оваа сезона не играше за Реал ниту една секунда, иако има вкупно 33 натпревари во сите натпреварувања и 9 голови за првиот тим на „кралевите“. Покрај тоа што играше за различни екипи на Реал Мадрид, напаѓачот мина две сезони во Лион (48 натпревари, 21 погодок).
Тој треба да ја олесни работата на Един Џеко, бидејќи најверојатно Никола Калиниќ ќе ја напушти Рома.



