Connect with us

Фудбал

Отвораат шампањ за прослава: Барселона се ослободи од Филипе Кутињо!

Филипе Кутињо не се очекува да се врати во Барселона ова лето.

Првиот дел од сезоната Кутињо го мина во Барселона, но каталонскиот клуб во јануари реши да го испрати на позајмица откако стана јасно дека Чави Ернандез не смета на него.

Бразилецот реши да замине во Астон Вила до крајот на оваа сезона и тоа беше одличен потег бидејќи успеа да се врати во форма и одигра неколку одлични натпревари откако дојде во овој клуб.

Се очекуваше Кутињо да се врати во Барселона ова лето, но се чини дека тоа нема да се случи и тој ќе остане во Астон Вила.

Астон Вила има опција да го откупи неговиот договор од каталонскиот клуб, а цената е 40 милиони евра. Англискиот клуб им порача на челниците на Барса дека го сакаат Кутињо, но дека цената е едноставно превисока.

Барселона навистина не сака да се врати Кутињо и е подготвена на се за да се ослободи од него. Токму затоа, како што пишува Фабрицио Романо, решиле да ја преполоват цената за да може Астон Вила да го купи.

Кутињо веќе договорил се со Астон Вила и ќе потпише договор на три сезони, а Барселона од неговата продажба ќе заработи околу 20 милиони евра.

Реклама

Facebook