SportM
Фудбал

Ова е понудата која го натера Бензема да каже „како да одбијам“, Реал носи тројца!

Д М4 јун 2023
Ова е понудата која го натера Бензема да каже „како да одбијам“, Реал носи тројца!

Карим Бензема го напушти Реал Мадрид, а набрзо се појавија нови информации.

Французинот ја прифати понудата на Ал-Итихад од дури 200 милиони евра по сезона или 400 милиони до летото 2025 година. Наводно на средба со Карло Анчелоти рекол „како да одбијам 400 милиони евра“.

После тоа се беше јасно, Французинот го информираше Ал-Итихад дека ќе ја прифати понудата и сега само ја чекаме официјалната потврда.

Секако, Реал Мадрид веќе напорно работи на замена, а прва цел е – Хари Кејн. Англичанецот нема да биде евтин, но бидејќи Реал нема ниту една „деветка“, Флорентино Перез нема да жали за парите.

Даниел Леви не е лесен преговарач, иако договорот на Кејн истекува следното лето, сигурно е дека Реал ќе треба да плати најмалку 100 милиони евра.

Се споменува дека Реал дефинитивно ќе тргне по Каи Хаверц кој е потенцијална замена за Марко Асенсио и резервна опција на позицијата „деветка“.

Треба да се додаде дека договорите со Еден Азар и Маријано Дијаз се раскинати, па Перез изјави дека летово ќе доведе тројца напаѓачи.

Покрај Кејн и Хаверц, трета „нискобуџетна“ опција е Хосел, кој би можел бесплатно да дојде од Еспањол, бидејќи испадна во втората лига.

Очекуваме понатамошен развој на настаните, но Реал сигурно ќе дејствува брзо, особено кога е Кејн во прашање…

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.