Ова е веќе очајно: Во ПСЖ прават се за да го задржат Мбапе, а новиот потег е потег на очај

Францускиот скапоцен камен, Килијан Мбапе допрва треба да го продолжи договорот со ПСЖ, а големи се шансите да не го направи.
Како што наближува летото, се погласни се најавите дека тој ќе потпише за Реал Мадрид, но ПСЖ не се откажува од желбата да го продолжи договорот и да го задржи во француската престолнина.
„Го сакаме најдоброто и за клубот и за самиот Мбапе. Најдобро за ПСЖ е да остане, но најдобро е и за него да остане“, изјави францускиот тренер Маурисио Покетино, кој потоа најави очајнички потег.
„Размислувам да му ја дадам капитенската лента на утрешниот натпревар против Клермон.
Мбапе во ПСЖ пристигна од Монако во летото 2017 година и со парижаните беше трикратен француски шампион, но следен предизвик е Лигата на шампионите во која стигна до финалето каде во 2020 година беа поразени од Баерн Минхен.
Сезонава постигна 28 гола на 38 натпревари и им подели 20 асистенции на соиграчите.
Инаку, дуелот меѓу Клермон и ПСЖ е закажан за утре од 21 часот на стадионот Габриел Монпиед во рамките на 31. коло од француската Лига 1.



