SportM
Фудбал

Ова го има само во Аргентина: Маркос Рохо ја загуби капитенската лента поради правилата во соблекувалната

Д М19 сеп 2022
Ова го има само во Аргентина: Маркос Рохо ја загуби капитенската лента поради правилата во соблекувалната

Пред осум дена Бока Јуниорс во големото дерби на домашен терен ја победи Ривер Плата со 1:0, а натпреварот го одбележа Маркос Рохо.

На Ла Бомбонера Бока успеа да го победи најголемиот ривал со 1:0, а ниту ова дерби не можеше без судир на теренот.

На крајот од натпреварот, Маркос Рохо доби директен црвен картон поради грубото фаулирање на Николас Де ла Круз, а за тоа ќе добие бизарна казна дури и од Бока Јуниорс.

Според аргентинските медиуми, тренерот на Бока Јуниорс, Хуго Ибара, вовел некои правила во соблекувалната кога го презел овој клуб, а сега тоа најдобро на своја кожа го почувствувал Маркос Рохо.

Имено, правилото е секој играч да добива казна кога ќе добие црвен картон затоа што ги остава на цедило соиграчите.

Во овој случај, Маркос Рохо беше специјално казнет како капитен. Имено, му беше одземена капитенската лента на еден месец поради црвен картон и ќе има можност повторно да биде капитен на меч на Бока во октомври.

Сепак, Рохо призна дека овој пенал воопшто не го погодил и дека најважно му било што славеле против лутиот ривал.

„Не ме засега тој пенал. Ова дерби е такво и секогаш е повеќе од игра. Направив три фаули цел натпревар, но тоа се случи на крајот и тоа е тоа. Ги почитуваме правилата во соблекувалната и Не сум вознемирен што ми е одземена капитенската лента во моментов“, изјави Рохо.

Рохо по шест сезони минати во Манчестер Јунајтед се врати во Бока Јуниорс, каде баш и не се прослави, а натпреварите на „црвените ѓаволи“ најмногу ги следеше од клупата за резерви.

Откако на почетокот на оваа година му истече договорот со Јунајтед, тој се врати во Аргентина и потпиша договор со Бока Јуниорс.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.